Билтен на СВР Охрид за 11.06.2023

- Локални
1067
На 11.06.2023 во спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, за време на одигрување на фудбалски натпревар во младинска конкуренција, Ф.А.(42) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.05.2023 во периодот од 00.50 до 02,20 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот. По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.

На 11.06.2023 во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 07 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга-01, Кичево-05). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Н.(63) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 33 куршуми калибар 7,9 милиметри кои нелегално ги поседувал.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари