Утре ќе се одржи годишниот концерт на учениците од Основното музичко училиште -Струга

- Локални
347

Утре во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годишниот концерт на учениците од Основното музичко училиште од Струга.

Ќе настапат сите групи со песни на македонски, албански и англиски јазик. Љубителите на музичката уметност ќе имаат можност да ги проследат и настапите на инструменталистите на клавир, виолина, гитара, флејта, кларинет и хармоника како и соло пејачи.

Почетокот на концертот е закажан за 18:30 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари