На 19.04.2023 во 17.10 часот во ОВР Струга, Б.А.(37) од с.Делогожда, струшко, пријавил дека околу 16.10 часот бил физички нападнат од А.К. од с.Мороишта, струшко. Се работи на расчистување на случајот.
На 19.04.2023 околу 13.45 часот на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Н.(52) од с.Велешта, струшко, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. Во врска со настанот, службен разговор во полициска станица бил извршен и со П.И.(29) од с.Велешта, кој бил заедно со А.Н.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.04.2023 околу 11.25 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар на дрвена платформа во водите на Охридското езеро, сопственост на угостителски oбјект од Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари