Од полноќ поевтинуваат бензините

- Македонија
276

Oд полноќ бензините поевтинуваат, додека дизелот останува со непроменета цена, одлучи РКЕ.

ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 2,5 денари по литар, и од утре ќе изнесува 82,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 2 деанри, и од утре се продава за 85 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 74 денари по литар.

Цената на екстралесното масло останува непроменета 72,5 денари по литар, а останува иста и цената на мазутот 41,4 денари по литар.

Facebook Коментари