На 26.06.2023 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, И.О од Гостивар го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет го нападнал Р.М.(31) од Поградец, Република Албанија. Притоа, оштетено е возило „Голф“ сопственост на К.К.од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.06.2023 година во 01,30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „7 ноември“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на М.О. од Охрид. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Денеска (27.06.2023) во 00.45 часот, на крстосница помеѓу улиците „Живко Чинго“ и „Андреја Јованоски“ во селото Велгошти, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда пришто, се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид. Во несреќата, малолетна сопатничка на велосипедот, се здобила со тешки телесни повреди. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари