Од 1-ви декември се враќа евтината тарифа на струјата

- Македонија
177

„Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за електрична енергија“, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Министерот објави дека нема зголемување на цената на струјата.

Како што денеска објави Регулаторната комисија денеска вкупната цена на електрична енергија од 1 јули во првиот блок се намалува за 7,04%. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09%. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54% и во четвртиот блок за 2,42%. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични.

Евтината тарифа на електричната енергија ќе важи од 1 декември од 13 до 15 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари