
На 08.07.2023 година во 23.35 часот во СВР Охрид приведен е П.М.(31) од Скопје кој претходно, на улицата „Партизанска” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.07.2023 година околу 14.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(45) од една и К.И.Б., Л.И. и М.Б., од друга страна, сите од Охрид. Во врска со случајот, при претрес, извршен по судска наредба во домот на К.Б.(45) од Охрид, полициските службеници од одделението за борба против дрога и оружје пронајдоа и одзедоа една ловна пушка „Маверик” калибар 12 милиметри и 59 куршуми различен калибар. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 08.07.2023 година во 21.20 часот, К.К.(33) од Охрид, во полициска станица пријави дека на локален пат во месноста „Кошишта” бил каснат од куче скитник.
На 08/09.07.2023 година од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 24 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-15, Струга-04, Кичево-04, Дебар-01). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари