Во завршна фаза се активностите за one-stop-shop на Ќафасан-Ќафтане

- Локални
377

Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од средбата на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, остварена на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.

„Со Царинската управа на Албанија имаме исклучителна соработка и драго ми е дека денес сме во завршна фаза на воспоставување на концептот за заеднички контроли оне-стоп-шоп, на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. Со ова ќе се овозможи спроведување на граничните контроли со едно застанување што ќе ја олесни трговијата, ќе го забрза транспортот на стоки и ќе овозможи побрз на проток на патници“, истакна директорот Стефан Богоев.

На граничниот премин за земјите од Отворен Балкан е воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила како и за компаниите со статус на овластен економски оператор. Во моментов како што потенцира Богоев во подготовка се проекти зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на овој граничен премин, со поддршка на Владата и финансиски средства обезбедени од Светска банка и од инструментот на ЕУ за претпристапна помош – ИПА.

„Сите овие активности се во насока на побрзо завршување на царинските постапки, намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар, како и за побрза интеграција на нашата држава кон ЕУ“, изјави Богоев.

Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Генти Гажели истакна дека воспоставувањето на оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане ќе го подобри квалитетот на живот и бизнисот, не само за жителите на Република Албанија и РС Македонија, туку и во земјите од регионот.

„Тука сме денес да најдеме решение за да се имплементира овој многу важен проект, кој ќе придонесе да се развие бизнисот во двете држави, вели Гажели.

Strugaonline

Facebook Коментари