Билтен на СВР Охрид за изминатиов викенд

- Локални
475


На 10.02.2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила.
Притоа, во селото Белчишта, општина Дебарца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за произодство на марихуана, сопственост на Љ.О.(50) од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода.
При претрес во домот на А.Т.(33) од струшкото село Октиси пронајдена и одземена е марихуана. Тој е приведен и лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Од полициски службеници на ОВР Струга, лишен од слобода е Г.А.(35) од Охрид. При претрес извршен со судска наредба, во неговата викенд куќа во струшкото село Лабуништа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловна пушка марка „Црвена застава“, што нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.02.2023 година во 18.30 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е Д.Ѓ.(59) од Струга кој претходно, во зграда лоцирана на улицата „Ристо Крле“ во Струга, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.02.2023 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од ОВР Струга, при претрес во домот на А.Т.(33) од струшкото село Октиси, пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е приведен и лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Струга, го лишија од слобода  Г.А.(35) од Охрид. При претрес извршен со судска наредба, во неговата викенд куќа во струшкото село Лабуништа, пронајдоа и одзедоа една ловна пушка марка „Црвена застава“, што нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2023 година во 20,30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека Ј.П. од охридското село Велгошти, во семејниот дом, физички ја нападнал нрговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2023 година во 17,30 часот, во селото Издеглавје, општина Дебарца, нарушен е јавниот ред и мир со карање, агресивно однесување и закани упатени од Д.Т.(73) кон М.С.(37), двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12-02-2023 година во 01 часот, во СВР Охрид приведен е И.Г.(38) од Охрид кој претходно, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  12.02.2023  година во 05,30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, Е.В.(38) од Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15 корпус“ во Струга, бил физички нападнат од две непознати лица кои му одзеле 11000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook Коментари