Стружани ја покажаа хуманоста, цел камион донации се собраа за Турција и Сирија

- Локални
364

Во организација на група млади луѓе предводени од Артим Усеиновски и Садетин Мустафовски , вчера на градскиот плоштад во Струга се одржа хуманитарна акција за настраданото население во Турција и Сирија.

Стружани се покажаа хумани, организаторите информираат дека е собран еден полн камион со храна, вода и облека.

,,Голем број граѓани  дојдоа на градскиот плоштад во Струга и донираа, сите во рамки на своите можности. Среќен сум што донаторската акција беше успешна и ќе придонесе барем малку за помош на настраданото население од силниот земјотрес во Турција и Сирија.,,-изјави за Strugaonline , Садетин Мустафовски.

Струшката фирма за транспорт ,,Павелит“ донациите од Струга ги транспортираше  до Скопје, а деновиве истите ќе бидат транспортирани до погодените подрачја.

Strugaonline

Facebook Коментари