На 8-ми декември Бутик-aтелје ,,Брило“ прослави една година постоење.
,,Брило“ е практичен одраз на уметноста на Билјана Тодороска која долги години дизајнира свој накит, а вљубеник е и во квалитетните и уникатни парчиња облека.
,,Со поддршка од моите најблиски, минатата година најпосле се одлучив да ја остварам мојата животна желба. Со оглед на тоа дека и накитот и облеката се дел од мојот живот изминативе години, одлучив да се посветам на двете работи истовремено, така настана бутик-ателје ,,Брило“.-вели Тодорска.
Таа со големо внимание и посветеност избира уникатни парчиња облека за впечатлив и уникатен изглед на своите клиенти, во време кога отварањето бизнис е голем чекор.
,,Во време на најголема криза, ова беше храбар чекор. Имавме напорна но истовремено исполнета и успешна година. Пред неколку месеци се ,,родија“ и Brillo girls брошевите изработени од реупотребени материјали кои што за брзо време станаа неизбежен детал за секоја модерна жена. ,,- објаснува Билјана.
Таа изрази голема благодарност на своите клиенти за нивнаната доверба. Тимот на ,,Брило“ и понатаму продолжува да се грижи за нивниот уникатен изглед.
Strugaonline
Facebook Коментари