Во Општина Струга се одржа состанок во рамки на активностите ,,16 дена активизам против насилството”

- Локални
267
Во склоп на активностите ,,16 дена активизам против насилството”  во Општина Струга се одржа работен состанок , организиран од координаторот за еднакви можности Сервер Шашко, во соработка со Американско катче и Центарот на заедницата.
На средбата учествуваа и претставници од: ООУ ,,Браќа Миладиновци”, ООУ ,,Јосип Броз Тито”, СОУ ,,Нико Нестор”, МВР, психолог здружение Ортус, директор на Центар за социјална работа, здружение Езерка и претставници на Советот на Општина Струга.
-За време на дискусијата беше констатирано дека има ниска стапка на пријавени случаи и институционално гонење, причината во главно е економската зависност на жртвите, но и менталитетот како фактор е многу високо рангиран. Секоја институција ја презентираше својата улога во постапките и укажа на предизвиците со кои се соочуваат. Посебен акцент беше ставен на потребата од превентивни активности, особено во форма на обуки за наставниците и учениците во училиштата, но исто така и за родителите како важен фактор.- соопштија од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари