Царинските службеници запленија непријавени производи наменети за увозник од Струга

- Локални
748

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани облека, козметички средства, лекови, медицински производи, техничка стока, прехранбени производи, пластични производи и фалсификати.

3.125 метри PVC црево, 2 ролни PVC изолационен материјал, 116 парчиња колена за водоводна инсталација и 1 употребуван апарат за перење, откриени од страна на Одделението за истраги во соработка со мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.-информираат од Царинската управа.

Strugaonline

Facebook Коментари