Утрово, во строгиот центар на Струга, пожар избувна во куќа која се наоѓа на улица „Пролетерски Бригади“. Пожарот бил пријавен утрово во 10:00 часот. Брзата интервенција на противпожарната служба спречила поголеми материјални штети. За гаснење на пожарот интервенирале три противпожарни возила и шест пожарникари. Причините за пожарот не се познати.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари