Православните Христијани денеска го празнуваат големиот празник Света преподобна Параскева (Св. Петка)

- Македонија
938

Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска.

Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, уште од детството била воспитувана во  Христовиот дух. Кога починале нејзините родители таа  го подарила целиот свој имот на сиромашните и се замонашила.

Света Параскева се смета заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води кои уште и се нарекуваат петочни води.

Facebook Коментари