Целосно е реновиран Кајак Кану клуб ,,Дрим“ Струга

- Локални
666

Руиниран објект полн со влага, лоши услови , изронети sидови – ова беше сликата во просториите на Кајак кану клубот ,,Дрим“ Струга до пред два месеци.

Денеска, сликата е далеку поинкава. Објектот е целосно реновиран благодарение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, но и од приватни средства на членови во клубот.

Од ККК ,,Дрим“ Струга за Strugaonline информираат дека со новите услови за работа се зголемуваат и амбициите. Моментално клубот брои 40 членови, а целта е актуелните членови и новите кои ќе дојдат, да се промовираат како квалитетни спортисти кои ќе настапуваат на првенства во и надвор од земјава.

Меѓудругото, целта на Кајак Кану клуб ,,Дрим“ е и исполнување норма за олимпијада.

Strugaonline

Facebook Коментари