Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга доби сертификат за квалитет

- Локални
1098

Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје издаде уверение за стекнат „Сертификат за квалитет IASS 2020:2022“  на Н.У Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга.

-По претходна анализа на интернет за позитивни споменувања како и екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција на нивото на квалитет на услугите кои ги испорачуваат како и позитивен пристап во соработката со трети страни, одлучивме дека може да се стекне со „Сертификат за квалитет IASS 2020:2022“-велат од здружението.

Од таму додаваат дека уверението за стекнат сертификат се издава со цел да може да и послужи на институцијата во докажување на својот квалитет во тековните деловни процеси.

Strugaonline

Facebook Коментари