Центарот на заедницата на општина Струга објавува повик за учесници на обука со цел обезбедување пошироки познавања на тема: „Право на слободен пристап до информации од јавен карактер“

- Локални
1481

Центарот на заедницата на општина Струга објавува повик за учесници на обука која има за цел на претставниците на граѓанските организации, неформални групи, поединци, медиуми да им обезбеди пошироки познавања на темата: „Право на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Пристапот до информациите, како темел за доброто владеење, зголемувањето на транспарентноста и обезбедувањето значајно учество на граѓаните во јавниот живот, се третира како основно човеково право.

Обуката ќе се одржи во Струга, хотел „Мираж“, на 25 март 2017 година. Предавач на обуката ќе биде адвокат Владимир Стојкоски. Учеството на обуката е без надомест.

Заинтересираните кандидати можат да се пријавата на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/1t5ow_3AgW_vmyYl3S1K5VeJ7rGWYde9fXzR7ZS1mjgU/edit# најдоцна до 17 март 2017.

Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик.

За дополнителни информации или прашања, Центарот на заедницата на општина Струга Ви стои на располагање на е-mail: [email protected]  или на тел. 046/839-112

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари