ЛШ: Реал и Баерн се првите четвртфиналисти

- Спорт
1085

Европскиот шампион Реал Мадрид во реваншот го совлада Наполи со 3:1 и со вкупни 6:2 избори пласман во ТОП 8. Наполи поведе во 24-та минута со голот на Дрис Мертенс.

Со ист резултат како на првиот дуел заврши и реваншот меѓу Арсенал и Баерн. Германскиот шампион победи со 5:1 или со вкупни 10:2. Арсенал поведе во 20-тата минута со голот на Тео Волкот. Капитенот на Арсенал Лорен Кошчиелни во 53.минута доби црвен картон, а потоа почнаа головите за Баерн.

Вечерва се играат дуелите:
Борусија Дортмунд – Бенфика (0:1 прв натпревар) и Барселона – ПСЖ (0:4).

Facebook Коментари