Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ доби комплетно нов надворешен изглед

- Локални
1038

Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ -Струга доби комплетно нов надворешен изглед, а тимот на овој центар најавува и понатамошни напори за подобрување на условите во секоја смисла.

,,Активностите околу поставувањето на новата сада и комплетно нов надворешен изглед на Домот на културата се одвиваше во период од март до октомври годинава и се’ успеавме да реализираме благодарение на општествено одговорни компании кои на наше барање ни излегоа во пресрет со донација.“-изјави за Strugaonline директорката на Центарот за култура, Николина Велкоска Глигороска.

Таа додаде дека реновирањето не завршува тука и дека со нова донација, која се очекува да ја добијат во јануари следната година, ќе се уредува просторот под платото.

Strugaonline

Facebook Коментари