Билтен на СВР Охрид: Заталкан куршум удрил во куќа во Велешта, 70-годишен стружаенц се оддалечил од својот дом

- Локални
2597

На 06.11.2023 година во 12.30 часот, во ОВР Струга, пријавено е дека, во струшкото село Велешта, заталкан куршум од огнено оружје удрил во дел од куќа сопственост на Л.Е.(64) од истото село. За настанот запознат е јавен обвинител и по негови насоки, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

На 06.11.2023 година во 10.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека од својот дом во Струга се оддалечил И.Р. (70) од Струга. Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал од домот и се враќал назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари