Четири лица државјани на Албанија се повикани на информативен разговор во струшката полициска станица во врска со последните пожари на депонијата во Струга. Објави синоќа Алсат М Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за Алсат потврдил дека се водат разговори околу нивната евентуална инволвираност во пожарите.
Струшката дива депонија е проблем кој Стружани ги мачи уште од Велигденските празници, од тогаш до денес депонијата гори понекогаш со мал, некогаш со поголем интензитет. Во градот се одржаа низа протести, еколозите алармираа за последиците по животната средина, а лекарите потенцираа колку сериозни здравствени проблеми би биле логична последица од воздухот што го дишеме.
Извор: АлсатМ/Strugaonline
Facebook Коментари