Четворица шахисти од Младинската шаховска школа Струга учествуваа на Меѓународниот шаховски младински турнир ,,ТИРАНА 2022“

- Локални
421

Вчера во Тирана,Р.Албанија заврши Меѓународниот шаховски младински турнир ,,ТИРАНА 2022“, на кој учествуваа и четворица членови на Младинската шаховска школа Струга.

Турнирот се играше во Националната спортска арена во Тирана. На турнирот учествуваа околу педесет играчи од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

,,Задоволен сум од играта на нашите играчи,но лично сметам од она што го видов дека можевме уште подобро да одиграме.Им благодариме на домаќините за пречекот и гостопримството кое беше на високо ниво.Имав можност да се стретнам со претставници од Директоратот за спорт во Општина Тирана како и со секретарот на Албанската Шаховска Федерација на која разговаравме за идните проекти во 2023 кои би можеле да ги реализираме. Воедно ги поканив да дојдат во Струга на Меѓународниот младински фестивал ,,Езерска Кралица 2022“ кој еве веќе го реализираме трета година -вели Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга.

,,Езерска Кралица 2022“ ќе се одржи од 7-ми до 11-ти септември.

Strugaonline

Facebook Коментари