Четворица возачи од Струга казнети поради непрописно престигнување

- Локални
429

Вчера во периодот од 08:00 до 11:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се акциски сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 30 возачи на моторни возила кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-15, Струга-4, Кичево-3, Дебар-8).

Во Кичево, полициските службеници евидентирале 4 возачи на моторни возила, кои надвор од населено место управувале со поголема брзина на движење од дозволената, а во Струга со специјално возило „пајак“ подигнати се 6 патнички моторни возила кои биле непрописно оставени на коловоз.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари