Црвен крст-Струга ја одбележува ,,Неделата на грижа за стари лица“

- Локални
310
Под мотото ,,Сите сме нивни деца“ Црвениот крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струга започна со одбележување на  „Неделата на грижа за старите лица“.
-Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување на грижа и помош на старите лица.
Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна на УНФПА preku Црвениот крст на РСМ. – информираат од струшкиот Црвен крст.
Strugaonline

Facebook Коментари