Членовите на клубот ,,Учиме право“ во посета на Општина Струга и градоначалникот Мерко

- Локални
314
Во рамки на годишната програма, членови од Клубот ,,Учиме право“ при Младински образовен форум (МОФ) од Струга во просториите на Општина Струга се сретнаа со градоначалникот Рамис Мерко.
Целта  беше членовите на клубот ,,Учиме право“  да дознаат нешто повеќе за локалната самоуправа, нејзината работа и органи.
-За подобро и поблиско запознавање имаа презентација од самиот градоначалник, како и одговори на сите прашања и нејаснотии околу програмите и функционирањето на оваа институција.  Учениците имаа можност да се запознаат и со секојдневните активности на градоначалникот, приоритетите на општината, особено за младите, инфраструктурните и образовните проекти и секако функционирањето на општинската администрација и Советот.-стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари