Членовите на Сојузот на борци од Струга и ЗП Струга го чествуваат Илинден во Ташмаруништа

- Локални
1134

По повод државниот и националниот празник 2  Aвгуст- Илинден, Делегација од ОО на Сојузот на борци од Струга во соработка со ЗП Струга, предводена од претседателот на боречката организација,која ја предводеа делегацијата на централната општинска прослава по повод 118 години од Илинденското востание и 77 години од АСНОМ која се одржа традиционално во струшко Ташмаруништа,положија свежо цвеќе на заедничкиот споменик ,кој ги симболизира двата Илиндена 1903 и НОВ 1944.Онака како што доликува,со што ја продолжија традицијата на нашите предци.

Илинденското востание претставува историски настан и најзабележителна страница од историјата на македонското  националноослободително движење.Големината на оваа  мошне крупна пресвртница во поновата историја на македонскиот народ се изразува во чисто народниот карактар на востанието,во кое дојде до величествен израз сенародниот стремаж за борба и слобода и вековниот устрем за создавање своја сопствена држава.

На чествувањето на двата Илиндена во Таш Маруништа присуствуваа голем број на пензионери од самото село кои се огранок на ЗП Струга,како и од другите здруженија на Вевчани и Лабуништа.

По оддавањето почит на загинатите од двата Илиндена 1903 – 1944 ,делегациите ги посетија и гробовите на загинатите илинденци,во дворот на самата црква каде се одвиваше и културно-забавната програма по повод празникот на кој учество зедоа КУД „Дрикоол“ од Вевчани и популарниот естраден уметник на народни песни од истото село, Методија Столески.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари