Познатиот рок бенд ,,Галија“ ќе одржи концерт во Струга

- Локални
1426

На 12-ти август на на Летната сцена при Центарот за култура во Струга, концерт ќе одржи познатиот рок бенд ,,Галија’.

Неша Галија Трио е составено од фронтменот Ненад Милосављевиќ – Неша,  Предраг Милосављевиќ  и Горан Вучетиќ.

Ненад Милосавлевиќ е музичар кој својата „Галија“ веќе повеќе од четири децении ја држи на самиот врв на рок музиката.

Од албумот „Прва пловидба“ во 1979 година тие функционираат како братски тандем, Неша компонира а постариот брат Пеца е текстописецот на бројните хитови, вокал и пратечки вокал. Тие заедно ги создаваат песните „Узалуд се трудиш“, „Ти можеш све“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“,”Још увек сањам”, „Писмо“, „Котор“ и уште многу други.

Концертот е во организација на Сцена продукција заедно со БараБар.

Билети може да се набават на следниов ЛИНК

Facebook Коментари