ЦЈЗ-Охрид: Водата во крајбрежниот дел на езерото е од I и II класа, одлична за капење и рекреација

- Локални
589

Во согласност со својата дејност и надлежности за вршење на континуиран здравствено-еколошки надзор, Центарот за јавно здравје од Охрид, во периодот од 13-ти до 26-ти мај 2020 година, изврши физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на површинска вода од источниот, северниот и западниот крајбрежен дел на Охридското Езеро, од 32 мерни места од Св. Наум до селото  Радожда.

– Комплетните анализи на квалитетот на водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро од македонска страна беа извршени во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, а резултатите од физичко-хемиската и микробиолошка анализа на земените примероци на површинска вода покажуваат дека водата во крајбрежниот дел, односно делот кој се користи за капење и рекреација на Охридското Езеро, од македонска страна, во втората половина на мај 2020 година, припаѓа на I и II класа, односно е оценета како одлична. Според тоа и согласно Уредбата за класификација на водите, водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро од македонска страна е погодна за капење, спорт и рекреација. Во наредниот период ќе бидат земени и анализирани примероци на вода од реките што се вливаат во Охридското Езеро од македонска страна, информираат од ЦЈЗ.

Додаваат дека Центарот за јавно здравје Охрид, континуирано, во текот на целата летна сезона ќе ја следи состојбата со квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро и навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за резултатите од извршените анализи.

извор: ЦЈЗ

фото: архива

Facebook Коментари