Црвен Крст Струга го одбележа 8 мај – светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

- Локални
3814

Црвен крст на Република Македонија (општинска организација Струга) на 08.05.2017 година го одбележа 8 ми Мај, светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина под мотото „Насекаде за секого„.  Од самите фотографии може да се забележи како на настанот најмладите беа едуцирани за хуманите вредности, и важноста да се има желба да се помогне, не само теоретски туку и во пракса. Волонтерите на Црвен крст ги презентираа активностите кои ги прават секојдневно како што е пружање прва помош. Главната порака која ја испраќа Црвен крст по овој повод е дека општинската организација на Црвен крст Струга е тука секаде и за секого.  На настанот, присутните и случајните минувачи беа информирани дека меѓудругото, Црвен крст е на располагање за помош на стари и изнемоштени лица како и лица кои немаат свој дом.

Неделата на Црвен крст на Република Македонија трае од 8 до 15 мај.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари