Интернационалниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ ќе се одржи од 20 јуни до 2 јули во Охрид

- Спорт
1417

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров трета година по ред ќе работи со идни потенцијални македонски репрезентативци. На овој начин Лазаров дава голема мотивација и стимул на идните македонски ракометари кои допрва треба да нижат успеси

За таа цел  од 20 јуни до 2 јули во Охрид ќе се одржи третиот интернационален ракометен камп ,,Кирил Лазаров 7″.

Годинава на кампот ќе присуствуваат над 300 деца не само од Македонија туку и од целиот регион, но и европските земји, а за прв пат на кампот ќе има и деца од САД.

Учесниците ќе бидат поделени во две групи – првата од 20-26 јуни и втората до 26 јуни до 2 јули, а групите ќе се формираат врз основа на возраста (од 10 до 17 години.)

Годинава, на кампот ќе гостуваат   и еминентни стручњаци кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓунив ќе бидат и нашите тренери Данило Брестовац кој работи во Франција, Наташа Коцевска која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд, како и двајца еминентри тренери во работата со младите категории од Данска.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари