Црвен крст на РМ, Општинска организација -Струга денеска го одржа четриесет и третиот натпревар по прва помош.
Од средношколските екипи, прво место освои екипата на СОУ „Нико Нестор“, а од екипите составени од ученици од основно училиште најдобра беше екипата од ОУ „Браќа Миладиновци“.
На натпреварот учествуваа дванаесет екипи од основните и средните училишта од Струга, Враништа, Драслајца и Радолишта.
Преку овој традиционален натпревар младите учат колку е важна едукацијата за прва помош како и брзината кога е потребно истата да биде пружена.
Facebook Коментари