Хуманитарен музички настан во Охрид-Од срце за Мила и Мартин

- Локални
1433

Во Охрид ќе се одржи хуманитарен музички настан за Мила и Мартин.

– Ајде сите заедно во сабота да ја покажеме својата хуманост на Градскиот плоштад. Акустичен настап ќе имаме сите музичари од Охрид и регионот заедно, така што ќе се обидеме да ја прошириме нашата позитивна енергија а притоа да успееме да направиме нешто добро за нашите Мила и Мартин. Сите сте добредојдени и може да ни се придружите со било каков акустичен инструмент. Во сабота пред Велигден, од 12 – 15 часот на Градскиот плоштад во Охрид. Охриде биди хуман како и секогаш – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари