ЦУК: Од 12:00 до 16:00 часот ќе се врши минирање на терен на автопатот во изградба A2 Кичево-Охрид

- Локални
374

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се врши минирање на теренот.

– Ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат минирања на теренот во повеќе наврати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Регионалниот ЦУК Охрид информираат дека охридските пожарникари, вчера од 13:05 до 14:00 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запален оџак на улицата „8-ми Септември“.

Од ЦУК апелираат оџаците да се чистат поредовно.

 

Facebook Коментари