Да му помогнеме на Бојан Крстески од Струга, донирајте на 143 131

- Локални
3212

Бојан Крстески (23) од Струга, поради сериозно заболување на црниот дроб во краен стадиум, беше хоспитализиран и му беше извршена интервенција во Фондација на Универзитетска Поликлиника Агостино Џемелли ИРЦЦС Католички Унуверзитет Сакро Куоре во Рим, Р. Италија.

Заради сериозноста на заболувањето неопходно е да бидат извршени повеќе третмани од кои наредниот веќе е закажан за ноември 2023 година.

Досегашните трошоци за лекувањето се во вкупен износ од 53.792,77 евра, од кои платени се 10.819,95 евра, а останува да се платат уште 43.769,32 евра.

Доколку долгуваниот износ не биде навремено платен, постои опасност дека веќе закажаната интервенција за ноември 2023 година ќе биде откажана.

Поради неможност да се обезбедат паричните средства на друг начин, отворен е број за донации од фондацијата Телеком преку кој сите хуманисти и добронамерници можат да придонесат во спасувањето на овој млад живот. Донирајте на 143 131 преку мрежата на T-Mobile.

 

Facebook Коментари