Дарко Паскоски го извади Крстот од водите на реката Црн Дрим во Струга

- Локални
2267

Бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката „Црн Дрим“ во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше четриесет и три годишниот Дарко Паскоски.

Тој по четврти пат успеа да го извади светиот Крст од осветените води на реката Црн Дрим и посака здравје и духовна благосостојба во секој дом.

– Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам крстот.  Сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во секој дом, да донесе среќа, да ги освети сите домови и да се сплотиме сите за здравје и спасение. – изјави Паскоски.

Тој додаде дека сите години кога го фаќал крстот му биле бериќети и носеле нешто убаво за него и неговото семејство. Среќа и бериќет очекува и оваа година.

Кум на овогодинешниот празник „Богојавлeние Водици“ беше  Бошко Пуроски кој што го даруваше среќникот кој што  го фати крстот. Паскоски беше даруван и од страна на црквата и спонзорите на манифестацијата.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари