Дарко Паскоски го извлече Чесниот Крст од водите на реката Црн Дрим

Бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше Дарко Паскоски.

Во водите на реката Црн Дрим годинава скокнаа голем број капачи. Некои од нив само за здравје и среќа, а други со желба да го фатат чесниот крст.

По повод овој голем празник, во Црквата Свети Ѓорѓи се одржа Утрена Богослужба, а потоа следуваше Василиева литургија. Во 10:30 часот e верниците со литија се упатија кон мостот и го дочекаа Митрополит Тимотеј. Кумови за Водици оваа година беа Ѓорѓи Голабоски и Никола Голубовиќ, a кумството за следната година го преземаат Томче и Стевчо Голабоски.
Струга и годинава блесна во полн сјај за празникот кој носи радост и прекрасна глетка.
Strugaonline

