Делегација на Сојузот на борците од Струга оддаде почит на личности и настани од НОВ

- Локални
726

Делегација на Сојузот на борците од општина Струга и подржувачите на традициите од НОВ, на 26 -ти август, по тешко прооден пат ги посетија местата и спомениците во Малесија и Караорман,по повод формирањето на 4-та Албанска бригада од НОВ и 6-та Мкедонска ударна бригада,каде што бројната делегација положи свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во тој регион,предводена од претседателот на ОО СБ за Струга и Струшко, Ајредин Мемети и секраторот Никола Попоски.

„Борбениот и развојниот пат на Првата пролетерска македонска народноослободителна ударна бригада, која се формира по одвојувањто на Македонско-косовската бригада на 8 јуни 1944 година,на Четвртата,односно на Седмата албанска бригада на НОВ и ПОМ,на 20 август 1944 година,Охридско-струшкота дополнителна бригада формирана на 1 септеври 1944 година,Шестата македонска народноослободителна бригада на 6 септември 1944 година,е нераскинливо врзан со антифашистичката борба на овие простори. Херојствата на борците во битките останаа запишани во историјата на нашата земја.“- истакна претседателот на ОО СБМ за Струга,Ајредин Мемети во своето излагање пред присутните, кои положија цвеќе на спомениците лоцирани во Малесија и Караорман.

„И овој пат,како во војната,на најубав начин се докажа сожителството на македнскиот народ со сите националности што живеат во Струга и струшко“ додаде  Мемети.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари