Демант од НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга за претходно објавена информација
Редакцијата на порталот strugaonline информира дека до нас беше доставен демант од НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, кој го објавуваме во целост:
„НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга ја демантира информацијата објавена на порталот strugaonline на 16.04.2026 година, во која се наведува лишување од слобода на лице во Домот на културата, кај кое била пронајдена и одземена марихуана.
Ја информираме јавноста дека таков настан во рамките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга воопшто не се случил и апелираме во иднина да се внимава на точноста при објавување на информации.“
Воедно, редакцијата на strugaonline појаснува дека вестите од ваков карактер се добиваат од официјални институции, во конкретниот случај од СВР Охрид, и истите се објавуваат согласно добиените информации.
Содржината на вестите е исклучиво од институционални извори, а не е производ на редакцијата на strugaonline.

