На патниот правец А2 Кичево-Охрид (меѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани), поради изведување градежни работи на патот, денеска во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 15-тина минути, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, а на повисоките планински и осојничави места коловозите се влажни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
извор: АМСМ
фото: архива
Facebook Коментари