Почина српскиот актер Небојша Глоговац

- Хроника
949

 Српскиот телевизиски и татарски актер, познатиот Небојша Глоговац, почина во 49 година од животот, објави РТС.

Глоговац е роден во Требиње, Босна и Херцеговина на 30 август, 1969. Студирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград, а по две години се префрлил да студира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој ќе остане запаметен по многубројните  улоги во бројни филмови. Со својот талент, професионализам и харизма во текот на својата кариера  ги освои срцата на сите на просторите на бивша Југославија.

Глоговац почина од карцином.

 Strugaonline

 

 

Facebook Коментари