Со традиционалното дефиле под маски, денеска напладне официјално започнува Вевчанскиот карневал. И оваа година креативните василичари преку хумор и сатира ќе ги прикажат настаните од земјава и светот што ја одбележаа минатата година.
Овогодинешниот слоган на карневалот е ,,Спремете ги суратите.“
Што се однесува до музичката програма, вечерва настапуваат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели.
Манифестацијата завршува утре, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.
Вевчанскиот карневал е една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.
Facebook Коментари