Полицијата пронајде рачна бомба без запалка на подрачјето над село Франгово

- Локални
392

На 12-ти јануари 2023 година, во 06:10 часот, при контрола на подрачјето над струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ пронашле една рачна бомба без запалка.

Увид бил извршен, а бомбата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари