Денеска слободен влез во Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга

- Локални
330

По повод oдбележување на Светскиот ден на културното наследство, денеска слободен влез во Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО се одбележува во целиот свет. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени.

Facebook Коментари