Денеска стартува манифестацијата „Струшки книжевни средби 2019“

- Локални
696

Од денеска па се до до 6-ти јули во Струга Охрид и Вевчани ќе се одржи најновото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“. Оваа манифестација ќе започне во Охрид со почеток во 17:00 часот за кога е планирана посета на културни и духовни знаменитости и дегустација на локални вина, а потоа ќе следува рецитал „Вино и поезија“ со Будимир Соколовиќ.

Во 19:00 часот во Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, а промотори ќе бидат Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, а модератор ќе биде Милчо Јовановски.

Во 21:00 часот во хотел „Климетица“ ќе се одржи рециталот „Вино и поезија“

И за наредните денови е понудена богата програма која вклучува рецитали, претставување на творештвото на еминентни поетски имиња од земјава и странство како и промоција на книги.

Strugaonline

Facebook Коментари