Благодарение на Гордана Лолеска поштенските марки посветени на лицата со ретки болести го обиколија светот

- Локални
720

Поштенските марки “Деца со ретки болести” и “Деца со Алпорт Синдром” го обиколија светот!

Специјализираниот интернет портал alportsyndromenews.com од САД објави напис за активностите на охриѓанката Гордана Лолеска во насока на запознавање на јавноста и посочување на проблемите со кои се соочуваат лицата со ретки болест и нивните семејства.

Лолеска е успешна во својата мисија и истата ја реалзира со љубов и посветеност.

„Благодарност до новинарот Foster Hall кој ја раскажа приказната… до Македонска Пошта која покажа дека е општествено одговорна компанија која се грижи за пациентите со ретки болести!
Благодарност и до сите поединци и компании кои безрезервно ја даваат поддршката годиниве!“- вели Лолеска чии залагања за подигнување на свеста за ретките болести претходно беа објавени и во британски весник.

Новинарот Хал Фостерво својот авторски текст пишува за објавувањето на поштенската марка, маратоните, поставувањето на знамето на Ретките болести на дното на Охридското Езеро, но и на Мон Блан, трките за децата со ретки болести, нивната химна и сите останати проекти реализирани во таа насока.

Написот можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Strugaonline

 

Facebook Коментари