Денеска традиционално дефиле под маски во Вевчани
Со традиционалното дефиле под маски, денеска напладне во Вевчани официјално започнува познатиот Вевчански карневал со вековна традиција.

Вевчанци маските ги подготвуваат речиси цела година и ги чуваат во тајност се до очекуваното дефиле.
Истите се инспирирани од настаните во општествениот живот во земјава и светот.
Оваа година има и музичка програма, вечерва ќе настапат локалниот уметник Перо Бели, а со настап на Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар.
Вевчанскиот карневал завршува утре, на 14-ти јануари со традиционалното палење на маските.
фото: aрхива

