Во Вевчани свечено беше отворен мултикултурниот центар ,, Коста Србакоски “

- Локални
405
Вчера во Вевчани свечено беше отворен  мултикултурниот центар ,, Коста Србакоски “- Вевчани.
,,И ова свето место, овој наш роден крај – каде Господ ги излеал своите најголеми дарови – има чест и гордост да сведочи за човек кој го посвети целиот свој живот за остварување на длабоко хуманиот, вонвременскиот и секогаш современ вевчански идеал, одважно водејќи тешки долгогодишни битки од полза за нашето Вевчани! Како вистинска драгоцена реткост – како најсјаен бисер на колективното народно богатство – предводејќи го народот на Вевчани, овој човек прерасна во вистински народен трибун чиј лик и дело буди неизмерна количина на восхит, на силни емоции, на голема радост, на љубов… и на солзи! Затоа, денес, на денот кога одбележуваме 30 години од создавањето на вевчанската република која беше негов производ, со гордост објавуваме дека реновираниот објект на старата училишна зграда гордо во децениите што следуваат ќе го носи името на КОСТА СРБАКОСКИ!,, – истакна градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.
Тој додаде дека мултикултурниот центар како институција е производ на длабока визија  на Вевчани да му се подари место во кое ќе пулсира оптимизмот, напредокот и развојот на  заедницата, потенцирајќи дека Коста Србакоски е најважната личност во најновата вевчанска историја.
 Советот на општина Вевчани односно советниците од сите политички партии кои се дел од него, на 15 декември минатата година  едногласно ја поддржа  идејата за отvарање на центарот.
Идејата за создавањето на грандиозниот објект започна да се реализира во 2015 година кога беше изработен идејниот проект и беше успешно завршен сложениот процес на апликација и конечно одобрување на средствата за негово адаптирање, реновирање и осовременување.
Седум години подоцна,  „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“ е пуштен во употреба.
Станува збор за модерен мултифункционален објект со корисна површина од 1400 м2.
Во него се веќе опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.
,,Сé на сé, станува збор за еден – во вистинска смисла – модерен објект кој во себе ги задржал архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но истовремено има добиено и нова функција, соодветно на новите потреби. Меѓутоа, овој простор ќе ја добие својата вистинска смисла и значење само тогаш кога во целост ќе пулсираат сите негови содржини.
Свесни за тој факт, како нова општинска администрација, уште од првиот ден, воспоставивме контакти со амбасади на големи и важни држави. Дел од нив ќе бидат наши гости за време на деновите од карневалот и ќе имаат можност одблизу да се запознаат со капацитетите на „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“! Заеднички интензивно работиме за да креираме содржини кои ќе му дадат вистинска смисла и важност на овој објект! Имаме големи планови и веруваме дека ќе успееме. ,,- изјави Кочовски.
Strugaonline

Facebook Коментари