Во рамки на концептот ,,МВР за граѓаните“, денеска во ОВР Струга започнува „Отворен Кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град. Ќе имаат можност граѓаните, на телефонски број или на маил адреса да закажат можност за средба и да се видат со мене, со директорот, заменикот директор, началниците, за потреби кои тие ги имаат. Ние можеме сите заедно да сведочиме, медиумите, јас како министер и мојот тим, што значи затвореност на институција, а што значи отвореност на институција, изјави неодамна министерот Спасовски.
Пред приемот на странки, министерот Спасовски ќе оствари работен состанок и брифинг со раководството на ОВР Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари