Започнуваат градежните работи за Јуроп Хаус во Струга

- Локални
760

Во Паркот на поезијата во Струга, евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ќе учествуваат на церемонија на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Јуроп Хаус во Струга.

Новата канцеларија на Јуроп Хаус – „местото на новата генерација“ ќе биде во Паркот на поезијата во Струга со површина од 119 метри квадратни. Работите ќе се одвиваат во период од четири месеци, а отворањето, како што е најавено, се очекува да се случи пред крајот на 2023 година.

Активностите на Јуроп Хаус Струга ќе бидат насочени кон учесници од Југозападниот регион, што ќе придонесе за нивен подобар ангажман и активизам.

Јуроп Хаус Струга ќе се приклучи на мрежата на канцеларии што Делегацијата на Европската Унија ги отвора низ целата земја од 2019 година.

 

Facebook Коментари